Последната изјава на Даниел Кормиер како активен борец дојде по неговиот пораз од Стипе Миочиќ во главната борба на УФЦ 252, воедно нивната трета борба по ред. Миочиќ заслужено славеше со одлука на судиите по пет рунди, а Кормиер ја напушти арената со наведната глава.
Сепак, како вистински спортист да даде изјава, а пред камерата не можеше да не се забележи дека левото око му е затворено. Токму тоа беше првата тема што ја покрена Џо Роган, коментирајќи дека во пет рунди се виде многу.
„Беше поинаква борба. Погледнете ме, не гледам“, беше првото нешто што му го рече Кормиер на Роган по бопрбата, укажувајќи на затвореното лево око.
Тоа беше во пределот на окото кој Миочиќ со к роше го погоди на крајот на втората рунда, а веќе на почетокот на третата беше очигледно дека отокот почнува да се формира. Не може да се процени дали убодот во окото, што навистина се случило на крајот на третиот дел, имаше некаков ефект.
Сепак, после тоа Кормиер се сврте кон она што се случуваше во борбата и потврди дека смета дека Миочиќ овој пат дојде подготвен да понуди нешто што досега не го направил. Кормиер смета дека се работело за борбата во клинч и и го гледа ова како клучен фактор во борбата во која мораше да му подаде рака на шампионот и да му честита.
„Тој одработи добра работа. Успеа да го контролира клинчот и да ме држи до работ на кафезот поголемиот дел од времето и мислам дека тоа ги реши неизвесните рунди. Мислев дека добро ми оди, но потоа дојдоа тие клинч позиции. Одеше со двократен „андерхук“, а тоа е нешто што не го правеше во првите две борби. Успеав да се извлечам од тоа“, откри Кормиер, за потоа да биде прашан зошто не се бореше повеќе, откако во првата рунда успеа да дојде до едно соборување. И вели дека најголемата причина за тоа е како одговорал Миочиќ:
„Планот беше да видам дали ќе имам шанса да работам на тој начин. Во првата рунда тој се прецени во еден момент и успеав да стигнам до нозете и до лесно рушење, но во остатокот од борбата тој не ми даде шанса повторно да го сторам тоа”.
Потоа Роган се врати на окото и инцидентот од крајот на третата рунда.
„Погледнете ми го окото. Во остатокот на борбата не гелдав со него, ниту сега не гледам ништо. Сè пред левото око ми е црно. Но, што е тука е, не е важно. Му реков на судијата што се случи, тој ми одговори дека е удар. Подоцна ми рече дека видел на снимката и дека сум во право. Не можев да го гледам со левото око, но тоа не е важно сега”, се обиде Кормиер да не бара изговор во неговата повреда.
Додаде нешто повеќе како се чувствува во моментот, откако не дојде до победата која ја сметаше за најважна во неговата кариера.
„Необично е и тоа е грдо чувство. Да се биде поразен во две големи борби, во трилогија. Многу е тажно да се биде во таа позиција, но ќе се справам со тоа како што сум се занимавал со слични работи во минатото”, откри и потврди дека ова беше неговата последна борба:
„Не ме интересира да се борам за ништо друго освен за титулата, а борба за титулата не гелдам во мојата иднина, така што тоа е крај за мене. Имав долг пат и одлична кариера. Ова ми беше последната борба за титула во тешка категорија и тоа беше е голема борба“.
Кормиер заминува во пензија како голем шампион во двете најтешки кариери на УФЦ и борец кој успеа да ја одбрани титулата и во двете категории. За жал на него, имаше подобар борец против него во август 2019 и 2020 година и нема да може да се збогува на врвот, како што беше и неговата најголема желба.