Кормиер: Џон Џонс е како Ленс Армстронг

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија, Даниел Кормиер, повторно го нападна својот стар ривал, Џон Џонс. Имаа две борби во кои Кормиер ги забележа единствените порази во неговата ММА кариера. Вториот пораз е поништен поради позитивниот допинг тест на Џонс.

„Џон Џонс повторно е суспендиран. Потона покрај наркотиците и допингот. Проблемите доаѓаат од стероидите кои го зголемуваат обемот на неговата работа. Нема да го удостојувам со внимание. Се едно е, како да го славам Ленс Армстронг“, рече Кормиер.

Кормиер се подготвува за следната битка во тешка категорија со шампионот на УФЦ Стипе Мочиќ во почетокот на јули.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО