Чан Сунг Јунг (16-5, 6-2 УФЦ) славеше во главната борба на настанот во Бусан.
32-годишниот Кореец за нешто помалку од четири минути борба во првата рунда го нокаутира поранешниот шампион во лесна категорија Френки Едгар (23-8-1, 17-8-1 УФЦ) кој го замени повредениот Брајан Ортега и стигна до втора последователна победа.
„Корејското зомби“ со комбинација десен аперкат – лево кроше, десно-лево кроше проследено со уште едно лево кроше го собори „Одговорот“ на подот, па го удира во партер позицијаи и се заканува давење од позади. Едгар успева да преживее, но Кореецот наскоро пак го урива и го завршува.
По победата го предизвика новиот шампион во перолесна категорија Александар Волкановски.
Сирил Гане (6-0, 3-0 УФЦ) од деби во август стигна до неговата трета победа во УФЦ. 29-годишниот Французин со едногласна одлука го совлада Канаѓанецот Танер Босер (17-6-1, 1-1 УФЦ).