Џезрил Коралес (20-1, 8 КО) приреди големо изненадување во Токио нокаутирајќи го „супер“ шампионот на ВБА во супер лесна категорија Такаши Учијама (24-4-1).
Панамскиот левучар (24 години) по многу тешкиот ден на мерењето го смачка 12 години постариот шампион во неговата 12 одбрана на титулата, која ја држи уште од 2010 година.
Коралес двапати го уриваше Учијама пред судијата да ја прекине борбата по третиот нокдаун во последните секунди на втората рунда.
https://youtu.be/ublEfqThucM