Патрик Деј им подлегна на повредите добиени од ударите на Чарлс Конвел. Тоа видно го потресе победникот, бидејќи боксот е спорт во кој се оди на победа, не на смрт на противникот.
„Никогаш не сакав ова да ти се случи, само сакав да победам. Да би можел да го вратам назад времето, би го направил тоа. Никој не заслужува тоа да му се случи. Низ глава одново и одново ми се врти борбата надевајќи се дека никогаш не се случила и зошто ти се случи токму на тебе. Не можам да престанам да мислам на тоа, се молев толку многу и пролеав многу солзи бидејќи не можам да замислам како ќе се чувствуваат моето семејство и моите пријатели. Те гледам каде и да одам и насекаде слушам само убави работи за тебе. Помислив и да се откажам од боксот, но знам дека ти тоа не би го сакал, знам дека беше борец од срце и затоа одлучив да не се откажувам и да се борам да ја освојам светската титула бидејќи тоа е она што ти го сакаше, а исто така и јас. Ќе те користам како мотивација секој ден и секогаш ќе давам сѐ од себе во рингот“, стои во писмото објавено од самиот Конвел.
На неговото писмо се одзва тренерот на Деј, Џо Хигинс, кој починатиот боксер го познавал од мал. Му порача да продолжи да се бори и да не се обвинува себе си.
„Ти благодарам за убавите зборови. Патрик беше роден преку мојата улица така што имавме посебна поврзаност. Тој ќе сакаше да продолжиш да се бориш. Ќе навивам за тебе, да го оствариш твојот сон, истиот кој го имаше и тој. Премногу сум потресен, бидејќи се чувствувам одговорен, но знам дека никој не е крив. Остани силен и те молам немој вината да ја префрлаш на себе“.