Конор: Се враќам директно на меч за титулата!

Големата ѕвезда на УФЦ и боречките вештини воопшто – Конор Мек Грегор не ја загуби довербата во своите вештини. Напротив! Ирецот е категоричен дека не само што ќе се врати во октагонот на најголемата организација во светот, туку тоа ќе го стори директно во меч за титулата во лесна категорија.

Според Ноториус, неговото закрепнување оди подобро од очекуваното. Минатиот месец го скрши глуждот на левата нога на мечот со Дастин Пориер. Како резултат на тоа, Конор беше подложен на операција и првичните прогнози беа за опоравување најмалку 6 месеци и враќање во кафезот по уште три.

Мек Грегор сега ги известува своите фанови дека ова може да се случи порано. И во битка за УФЦ појасот.

„Луѓето кои не ме сакаат во последно време зборуваат само глупости. Господ да ги благослови. За жал на нив, јас сум добро. Дури и повеќе од добро. И јас сум подготвен да се вратам порано отколку што очекуваа. Ве известувам дека кога мојата нога ќе биде целосно здрава ќе се борам директно за светската титула“, избувна Конор.

Тој е категоричен дека на мечот Пориер не требаше да биде прогласен, туку требаше да биде прекинат од медицински причини.

„Дана знае дека имав повреда пред мечот. Лекарите требаше да го прогласат овој меч без победник. Сега ќе чекам да видам кој ќе биде шампион во дивизијата и ќе се соочам со него“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО