Конор очекува средбата со Мејведер да се одржи во септември

Конор Мек Грегор повторно зборува за евентуалниот бокс меч со Флојд Мејведер, овој пат разговараше со репортерот на ЛА Тајмс Ленс Пагмир.

Тој истакна дека е подготвен да боксира и се закани дека ќе го шокира светот кога ќе се спротивстави со Флојд.

„Подготвен сум да боксирам. Долго време сум подготвен. Слушај, човече – целата борба ќе биде во шок кога ќе стапнам на рингот. Верувај ми“.

Мек Грегор посочи дека го очекува раѓањето на своето прво бебе за осум недели, а исто така истакна дека се надева ори мечот со Мејведер ќе се одржи во септември.

„Размислувам за месец септември. Натму одат работите. Се обидов да разговарам со Флојд. Летав до Вегас, за да зборувам со него, а потоа тој се откажа. Едноставно, не сака да ме гледа. Тој е збеснатн од мене. А кој не би бил? Никој не знае што да очекува од мене. Јас самиот не знам“.

Се смета дека има пет главни фактори од кои зависи одржувањето на сличен дуел:

  1. Ќе генерира ли пари?
  2. Мејведер дали го сака?
  3. Мек Грегор дали го сака?
  4. Ќе го овозможи ли Дана Вајт?
  5. Можат ли двете страни да дојдат до договор?

Можеме да кажеме дека од 1 до 4, одговорот е „да3. А имајќи во предвид дека тоа ќе биде најверојатно најмасовниот ППВ настан во целата приказна, а заработени пари ќе бидат големик, тоа веројатно ќе го исполни условот №5. На кратко – најверојатно Конор Мек Грегор ќе боксира со Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON