Конор може да се бори уште овој викенд, но не зависи од него

Познатиот ММА менаџер Оди Атар злезе со актуелна информација за враќањето на неговиот клиент Конор Мек Грегор.

Атар вели дека доколку се зависело од Ирецот, тогаш тој викендов би влегол во кафезот. Се очекуваше Мек Грегор да се бори оваа година, но за жал работите се одолговлекуваа и тоа не се случи. Суперѕвездата на УФЦ не успеа навреме да се врати во програмата на УСАДА и не доби дозвола да се бори.

Мек Грегор сега тестира за УСАДА и има за цел враќање во 2024 година.

„Да беше до него, тој ќе се бореше овој викенд. Знаете, на крајот на денот, мислам дека само се обидуваме да се увериме дека сè е во ред со следење на сите стандардни процедури за да го вратиме.

Притискаме колку што можеме. 2024 година ќе биде возбудлива година за нас. Постои можност Конор да се бори против Мајкл Чендлер, но има и други противници“, изјави Атар.

Секако, како опција за Ирецот се наѕира и трилогија со Нејт Дијаз. Атар потврди дека тоа е „дефинитивно една од најголемите“ потенцијални борби достапни за Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО