Конор Мек Грегор: Засилено се подготвувам за враќање

Конор Мек Грегор тврди дека едвај чека да се врати во борба.

За жал, Мек Грегор е подготвен, но само на зборови. Неговото враќање можеше да се случи оваа година, но „Озлогласениот“ избра да не се врати во програмата за тестирање на УСАДА. Конор треба да се бори со Мајкл Чендлер, со кого тренираат на Ултимејт фајтер.

Нивната борба требаше да се случи наесен, но Конор ги пропушти роковите на УСАДА. Така, нема право да се бори во 2023 година.

„Со нетрпение ја очекувам мојата следна борба и напорно се подготвувам“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи за неговиот следен голем камбек.

Мек Грегор последен пат се бореше со Дастин Пориер пред 2 години. Во борбата Конор ја скрши ногата и загуби со ТКО. Сега неговата борба со Чендлер се очекува не порано од февруари 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО