Конор Мек Грегор во синовите гледа наследници во борбите

Живата ММА легенда Конор Мек Грегор признава дека неговите деца покажуваат голем потенцијал да ги следат неговите стапки.

Претходно оваа година, Ирецот го доживеа третиот момент на врвна радост во животот. Неговата сопруга Ди Девлин му подари уште едно момче, Рајан. Тој има уште еден син, Конор Џек и ќерка Крој.

„Моите деца ќе го прават она во што уживаат. Ќе ги поддржат што и да изберат“, рече Мек Грегор.

„Во нив се уште ги гледам моите наследници во борбите. Конор јуниор има огромен потенцијал. Неговиот брат Рајан – имам добро чувство за него. Ќе бидат интересни времиња. Ќе бидам среќен кога и тие ќе бидат среќни“.

Со љубената Ди Девлин е во врска 12 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО