Конор Мек Грегор со големи влогови на Европското првенство

Конор Мек Грегор се истакна со големи влогови на Европското првенство. Ирската суперѕвезда се обложи со 60.000 евра на Кристијано Роналдо да стане најдобар стрелец. Доколку Роналдо навистина стане најдобар стрелец на Европското првенство Мек Грегор може да се радува на неверојатна добивка не помала од 761.310 евра.

Мек Грегор исто така се обложил и 83.000 евра за победа на шпанскиот тим, ако тоа е случај, Ирецот ќе искешира ни помалку ни повеќе од 1.002.000 евра. Мек Грегор и Роналдо се познаваат подолго време. Португалската фудбалска легенда дури присуствуваше на еден од тренинзите на Мек Грегор пред неговиот реванш со Нејт Дијаз во 2016 година.

Дополнително, двајцата, сега на 35 и 39 години, беа забележани еден до друг минатиот декември на спектакуларната боксерска гала „Денот на пресметката“во Саудиска Арабија. Неодамна беше откриено дека големиот камбек на Конор се одложува. Тој требаше да се бори на УФЦ 303 на крајот на месецот во Лас Вегас.

За жал, „Озлогласениот“ се повреди и борбата беше одложена. УФЦ сега планира да го одржи подоцна оваа година, но навивачите се скептични. На Конор не му е досадно и сега се концентрира на европскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON