Конор Мек Грегор со дарежлива донација за повредена постара двојка

Големата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор уште еднаш покажа дека има големо срце. „Озлогласениот“ донираше 20.000 евра на повредена постара двојка од Ирска. Неодамна, Мик и Мишел Кардиф од Балифермот, Даблин, се враќаа дома.

На коловозот се случува сообраќајна незгода, во која еден од автомобилите се качува на тротоар и ја собира постарата двојка. На Мик му е ампутирана едната нога, а тој и Мишел биле подложени на повеќе операции во изминатата недела и половина.

Во GoFundMe започнаа кампањи за да им помогнат на парот на патот кон закрепнувањето. Мик и Мишел се добро познати во заедницата Балифермот по нивната несебична работа.

Помеѓу волонтирањето, собирањето средства, давањето и работата во заедницата, јасно е дека и тие се посветени и страсни за помагање на другите. Сега е време заедницата да им го врати тоа.

Очигледно Мек Грегор бил трогнат од нивната приказна и ја превел дарежливата сума. Крајната цел на кампањата е 40.000 евра, но со донацијата на Мек Грегор, собраната сума за возрасните луѓе е нешто повеќе од 46.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО