Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор (34) ја критикуваше својата земја поради скандалот на државната телевизија РТЕ. Скандалот дојде откако РТЕ даде лажни информации за исплати на водители.
Откритието предизвика незадоволство бидејќи РТЕ е јавно финансиран медиум и им ги даде лажните бројки на персоналот, гледачите и владата додека бараше намалување на платите и дополнително финансирање. Радиодифузерот се извини за предавството на јавната доверба.
Сепак, тоа не влијаеше на Конор Мек Грегор, кој на социјалните мрежи избувна со објави, кои потоа традиционално ги бришеше.
„Ја презирам нашата влада! Нивото на корупција во Ирска е ужасно. Нација во урнатини со која владеат гуштери!
РТЕ е поделба на ирскиот владин картел. Грабеж, лажење, лажни лицемери! Ве презираме“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.
Во последните години Мек Грегор изјави дека сака еден ден да стане претседател на Ирска.