Конор Мек Грегор се закани дека ќе му се реваншира на Хабиб

Минатата година, легендарниот шампион Хабиб Нурмагомедов се сретна со поранешниот шампион Конор Мек Грегор и успеа да го совлада. Хабиб го испрати во нокдаун, што никогаш порано не му се случило на Мек Грегор, а во 4-тата рунда го омаловажи, победувајќи го сабмишн. „Озлогласениот“ не ги прифати добро поразот, па веднаш по настанот го повика Дана Вајт и инсистираше на реванш. Минатиот месец тие беа казнети од страна на Атлетиската комисија на Невада, бидејќи Мек Грегор доби суспензија од 6 месеци и може да се врати во кафезот во април, а Хабиб доби 9 месеци и сака да се бори во ноември.

Пред неколку години двајцата се спречкаа зад кулисите на УФЦ 205, при што Мек Грегор на тој настан успеа да го нокаутира Еди Алварез и да се запише во историја како прв шампион во две различни категории на УФЦ. На истиот настан, Хабиб успеа да издоминира против Мајкл Џонсон и го порази со сабмишн. Тогаш Хабиб се спротивставил и му рекол на Мек Грегор дека ќе види што ќе му се случи. Конор не се откажа, а рече дека не може да дочека да види што ќе се случи. Денес, сподели слика од неговиот тренинг и одлучи да ги потсети сите на приказната со напис „Ќе видиме“:

„Ќе видиме“.

Ако сте заборавиле што се случило пред УФЦ 205 може да видите тука:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО