Конор Мек Грегор се врати во сала по повеќемесечна пауза (ВИДЕО)

Супер ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, ја прекина паузата во последните неколку месеци. Послдениот обид му беше да успее во светот на боксот. Резултатот од борбата пораз со технички нокаут. Сега се чини дека најпознатата фаца во светот на ММА се враќа во салата.

На 26 август 2017 година го направи своето професионално деби во боксерскиот ринг во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, а негов противник беше не поразениот боксер Флојд Мејведер. Иако беше сопрен во десетата рунда, Конор сепак си замина од рингот со најголемиот паричен надомест од меч во кариерата.

По добивањето на околу 100 милиони долари, Мек Грегор, разбирливо, му се предаде на мирот. Конор дури се пофали на фановите дека сега тој е горд сопственик на чисто нова јахта, со која го обиколува океанот во слободно време.

Сите очекуваат да дознаат дали воопшто некогаш повторно ќе го видиме мистични Мек во кафезот, или успесите и акумулираното богатство се доволни за мирно живеење на деновите без да мора да прима уадри во телото.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON