Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека Конор Мек Грегор наскоро ќе се врати во октагонот, а противник ќе му биде Мајкл Чендлер.
Имено, Мек Грегор и Чендлер ќе бидат главни тренери на новата сезона на ТУФ, а на крајот ја чекаме и нивната пресметка.
Вајт наведува дека епизодите од новата сезона на Ултимејт фајтер ќе се прикажуваат секој вторник од 30 мај до 15 август на платформите ESPN и ESPN+.
Се уште не е познато кога треба да се одржи финалето на сезоната, како и борбата помеѓу Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер.
Славниот Ирец сè уште е најголемата ѕвезда на УФЦ, а е на пауза од јули 2021 година кога ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер.
View this post on Instagram