Конор Мек Грегор се спореди со Брус Ли (ФОТО)

Поранешниот шампион во лесна категорија Конор Мек Грегор се подготвува за борбата со актуелниот шампион Хабиб Нурмагомедов, која ќе се одржи на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Денес Конор сподели фотографија од тренингот и се спореди со легендарниот Брус Ли што не и се допадна на навивачите и доста од нив го критикуваа.

„Прво беше Брус Ли, а сега е Конор Мек Грегор“.

Брус Ли според многумина се смета дека е најголема и највлијателна личност во боречките вештини во 20 век. Токму поради оваа причина се појавија доста негативни коментари за Мек Грегор, а дел од нив се на мислење дека Ли бил смирен и пристоен човек, а Мек Грегор е далеку од тој лик.

Од фотографијата која ја објави Мек Гергор, сепак, се гледа дека е во одлична форма и се подготвува напорно за една од најголемите битки против непоразениот противник – Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО