Конор Мек Грегор: Сè може да се случи на Фјури – Нгану

Конор Мек Грегор откри дека ќе лета во Саудиска Арабија да ги гледа Тајсон Фјури и Френсис Нгану.

Ирската ѕвезда на УФЦ изјави дека добил покана од властите во Ријад. За неколку часа Нгану и Фјури ќе влезат во боксерскиот ринг. Ќе направат официјален боксерски меч, кој е предвиден да трае 10 рунди. ВБЦ титулата на Фјури нема да биде на заложена во оваа борба.

Тие ќе се борат за посебен појас направен од ВБЦ. Победникот ќе стане шампион на Ријад. Многумина не му даваат шанса на Нгану. „Озлогласениот“ смета дека Нгану дефинитивно има шанса бидејќи ова е борба во тешка категорија и се може да се случи.

Самиот Мек Грегор дебитираше во бокс пред неколку години. Ниту тој не доби шанса, но сепак добро се снајде против Флојд Мејведер. Сега повторно ќе гледаме боксер против ММА борец. На својот профил на социјалните мрежи, Конор објави аудио и ги сподели своите очекувања.

Тој едвај чека да оди на борба за да види што научил Нгану од Мајк Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON