Големата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор сака да го убие својот колега во кафезот. Последните денови „Озлогласениот“ е доста активен на социјалните мрежи. Тој се скара со Тони Фергусон и рече дека еден ден ќе му го одземе животот во кафезот.
Мек Грегор се опоравува од скршеницата на ногата во јули. Годината беше тешка за него и претрпе два последователни порази со нокаут од Дастин Пориер. Конор не изгледаше добро на тие две средби и е далеку од своите најдобри години.
До денес, Мек Грегор победи само на една од последните четири борби на УФЦ. Ова никогаш не се случило во неговата кариера. На социјалните мрежи Конор експлодираше и рече дека постигнал се и сега сака само убиство:
„Пари. Сила. Веќе ги освоив сите титули и пари во борбата. Сега само сакам да убијам еден од овие стаорци во кафезот. Тоа е е што ми останува да правам. Гледај ме како го правам тоа. Само по ППГ“.