Конор Мек Грегор сака повеќе пари од УФЦ

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, се уште е на одмор, очекувајќи го раѓањето на своето прво дете.

Во ноември Мистик Мек го победи Еди Алварез и во исто време стана шампион на УФЦ во две категории, а потоа изјави дека ќе си земе подолгорочен одмор од октагонот.

Тој исто така изјави дека сака да добие акции од УФЦ, бидејќи смета дека има сериозен придонес за финансиските успеси на компанијата.

Пред ГКју Стаел Мек Грегор повторно изјави оти смета дека повторно треба да предоговара за парите кои ги прима од УФЦ.

„Сакам да преговарам за она што вредам. Подготвен сум да кажам „тоа ми должите, платете ми“. А потоа можеме да зборуваме“.

„Мислам, дефинитивно сакам доста дебел чек. Ќе ги натерам да сфатат дека сакам нешто повеќе“.

Мек Грегор веќе е највисоко платениот борец во УФЦ, но тој секогаш сака нешто повеќе, може и поради што Ирецот се фокусир на бокс дуелот со Флојд Мејведер – настан кој би му донел поголема сума од сето она што го добил досега .

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО