Меѓународна сценаММА

Конор Мек Грегор сака да го купи Онли фанс

Суперѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, изјави дека е во сериозни преговори за купување на популарната платформа Онлиу фанс (OnlyFans), базирана на претплата. Ирскиот шампион во мешани боречки вештини се огласи на социјалните мрежи за да го објави својот потенцијален бизнис потег откако се појави веста дека сегашниот сопственик на Онли фанс, Феникс интернешнал лтд, е во преговори за продажба на компанијата.

„Конор Мек Грегор вели дека е во преговори за потенцијално купување на Онли фанс“, објави новинарот Дејмон Мартин.

Според Ројтерс, Феникс интернешнал лтд моментално е во преговори со група инвеститори предводена од Форест роуд компани, инвестициска фирма со седиште во Лос Анџелес. Потенцијалната зделка ја проценува Онли фанс на околу 8 милијарди долари, според три извори запознаени со ова прашање.

Сопственикот на платформата бара помеѓу 1,46 милијарди и 2,42 милијарди долари, но се соочи со предизвици во наоѓањето купувачи поради моделот на приходи на компанијата, кој во голема мера се потпира на содржина за возрасни. Портпаролот на Онли фанс даде изјава за Њујорк пост во врска со гласините за продажбата:

„Онли фанс е револуционерна платформа која продолжува да биде лидер во економијата на креаторите. Како и со секој бизнис од ваков обем, сосема е природно што сме отворени за дискусии за тоа како можеме да продолжиме да го градиме нашиот успех“.

Не е познато дали Мек Грегор соработува со компанијата Форест роуд во нивните напори за аквизиција или е дел од посебна група која го спроведува купувањето. Мек Грегор, познат по своите претприемачки потфати надвор од октагонот, вклучувајќи го и неговиот успешен ирски бренд Пропер Но. твелв, се чини дека го проширува своето деловно портфолио со оваа потенцијално високопрофилна аквизиција.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON