Конор Мек Грегор: Родителите на Ислам Махачев се братучеди

Конор Мек Грегор ги обвини родителите на Ислам Махачев дека се „братучеди“ во најновото исмевање на неговиот ривал од УФЦ.

Мек Грегор не се борел во октагонот од јули минатата година, кога ја скрши ногата при поразот од Дастин Пориеr, но е вклучен во многу ривалства на социјалните мрежи. Во неговите онлајн крстоносни војни Мек Грегор упати остри навреди кон голем број негови противници, вклучувајќи ги и Хабиб Нурмагомедов и неговиот штитеник Махачев.

Кон крајот на минатата година Мек Грегор го нарече својот поранешен противник Нурмагомедов „смрдлив инцест“, подоцна објави тврдење дека културата на неговиот роден град Дагестан вклучува „инцест“.

Кратко време подоцна, Конор го упати грубиот напад на Махачев, кој е од истиот дел на Русија. Во најнова објава на Твитер Мек Грегор напиша „Семејството Махачеви“ со слика на нешто што изгледа како брадавица од гради на нечија нога со натпис: „Кога твоите родители се братучеди“.

Ривалството на Мек Грегор со Нурмагомедов произлегува од нивната историска борба во 2018 година. Во борбата Хабиб го принуди Мек Грегор да се предаде. Сега, Конор сака јавно да добие борба со Махачев, кој во октомври ќе се бори за титулата во лесна категорија со Чарлс Оливеира.

Махачев против Мек Грегор ќе привлече големо внимание и милиони прегледи поради заедничката историја меѓу двата тима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON