Конор Мек Грегор прооди за прв пат по операцијата

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор се пофали дека првпат проодил по операцијата. „Озлогласениот“ ја скрши ногата во трилогијата со Дастин Пориер на почетокот на јули. Тој беше подложен на успешна операција и очигледно неговото закрепнување оди според планот.

Големата ѕвезда на УФЦ се пофали дека ја оптоварил ногата со 50 отсто од својата тежина. Конор планира да се врати во кафезот летото 2022 година. Најверојатно тоа ќе биде за нова битка со Дастин Пориер или трилогија со Нејт Дијаз.

„Денес е значаен ден! Проодив за прв пат по операцијата. Носев 50 отсто од големата телесна тежина! Имам долг пат, но тоа е огромен поттик за мене.

Ви благодарам на сите за континуираната поддршка. Бог да ве благослови“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО