Дана Вајт наскоро ќе одлучи за иднината на Кевин Ли во УФЦ

Кевин Ли со враќање во велтер категорија најави и поход на врвот. Но, американскиот ММА борец заглави веќе на првата пречка, на настанот УФЦ на ЕСПН 30 во Лас Вегас загуби со едногласна одлука на судиите против Даниел Родригез.

Тој направи одлична прва рунда, а потоа се изгуби во продолжението. Родригез кој дојде како замена за Шон Брејди стигна до најголема победа во кариерата.

По борбата, Ли објави на својата Инстасторија: „Таа борба беше срање“.

Дана Вајт даде многу краток одговор на прашање за иднината на Кевин Ли во УФЦ на прес -конференција.

„Ќе разговараме во вторник и ќе видиме што е најдобро за него, дали останува со нас или не“, рече Дана Вајт, а го пофали настапот на Даниел Родригез.

Кевин Ли има дури пет порази во последните седум борби. Откако загуби од Тони Фергусон во октомври 2017 година, го победи Едсон Барбоза, а потоа Ал Јакинта и Рафаел дос Анчос беа подобри од него.

Во ноември 2019 година го нокаутира Грегор Гилеспи, проследен со два порази минатата година против Чарлс Оливеира, а сега од Даниел Родригез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО