Поранешниот шампион на УФЦ во две категории Конор Мек Грегор постигна огромен успех во бизнисот со алкохолот.
Според ирскиот Тајмс, од почетокот на продажбата на вискито Пропер 12 минатата година се продадени преку 200.000 9-литарски сандаци (12 шишиња од 0,75 литри) по цена од 15-18 долари за шише.
Ирската ѕвезда оствари профит од 35-40 милиони долари.
Ако информацијата е точна, вискито на Конор Мак Грегор се уште останува во сенка на Џејмисон, но, експертите го поврзуваат падот на продажбата на легендарното виски минатата година со доаѓањето на пазарот на Proper No 12. кое веќе покажува сериозен успех во оваа рана фаза.
Конор Мек Грегор полседен пат се бореше во октомври минатата година, кога загуби од шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, со сабмишн во 4-тата рунда.