Ангела Мојсовска и Давид Петков освоија бронзи на Балканското првенство

Ангела Мојсовска (-68 кг) и Давид Петков (-67 кг) освоија бронзени медали во борби на Балканското првенство за сениори во Чачак, Србија.

Ова се единствените медали до сега на шампионатот за нашата репрезентација. Додека Александар Неделковски во кати е единстевниот каратист на петото место.

Сепак, ова Балканско првенство е промашено со тајмингот, наместо да биде ставено во служба на Европското првенство тоа беше помесетно за овој период. Добро е што нашите најдобри каратисти и не учествуваа на првенството.

Резултати
-67 кг
Давид Петков – Јован Петровиќ (Србија) 8-0
Давид Петков – Џино Толи (Албанија) 1-0
Давид Петков – Лука Кондиќ (Хрватска) 1-5
За бронза
Давид Петков – Дамир Головиќ (Црна Гора) 3-0

-68 кг
Ангела Мојсовска – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 2-7
Репасаж
Ангела Мојсовска – Јована Марковиќ (Србија) 7-1
За бронза
Ангела Мојсовска – Емина Бркиќ (Босна и Херцеговина) 3-0

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО