Конор Мек Грегор не е меѓу најдобрите во УФЦ, ама е најплатен спортист на светот

Ирскиот чаламџија Конор Мекгрегор не е ни меѓу најдобрите бопрциво УФЦ, но иако пред него има многу посилни, тоа не е проблем сите да ги прешиша по заработка, ама не само во серијата УФЦ туку во компелтниот светски спорт.

Според „Форбс“, Мекгрегор, кој дури планира да стане најголем поединечен акционер на Селтик, а и да купи акции во Манчестре јунајтед, годишно има заработка од 180 милиони долари, дури 50 милиони „зелени банкноти“ од најголемата фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој има 130 милиони долари годишно, а трет е најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо со 120 милиони „зелени банкноти“.

Угледниот американски бизнис и економски магазин рангирањето на најплатените спортисти на светот го направи за периодот од 5 јануари лани до 5 јануари оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО