Конор Мек Грегор му пружи прва помош на неговиот менаџер

Суперѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор испаничи кога неговиот менаџер Оди Атар колабира покрај него. Тие присуствуваа на премиерата на филмот „Роу хауд“ во кој Мек Грегор ја игра главната улога.

За време на светската премиера на Амазон МГМ’с Роуд хаус на фестивалот СХСВ/ SXSW во Остин, Тексас, се случи итен случај што беше блиску до срцето на Конор Мек Грегор, ѕвездата на филмот. Неговиот менаџер, Атар, дехидрира и колабира во театарот Парамаунт.

Ирската ѕвезда му пружила прва помош додека не дојде медицинскиот персонал. На жртвата, менаџерот на Мек Грегор, му била дадена вода и храна, што му помогнало брзо да застане на нозе. Непосредната реакција и паниката на Мек Грегор ја нагласуваат сериозноста на ситуацијата.

„Човек колабира, а Мек Грегор панично вреска за брза помош“, вели очевидец.

Самиот Мек Грегор укажал прва помош, која му помогнала на Атар да закрепне. Претставниците на фестивалот ги повикаа присутните во театарот „Парамаунт“ да ја напуштат зградата за да им се направи место на итните служби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Audie A. Attar (@audieattar)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО