Конор Мек Грегор му порача на Џастин Гејџи: Ти си апсолутен кловн

Бразилецот Чарлс Оливеира минатиот викенд немаше шанса да го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија на УФЦ, откако падна на официјалното мерење.

Имено, До Бронкс пред натпреварот беше потежок од дозволената граница за околу двестa грама, а најголемата светска ММА организација му ја одзеде титулата.

Но, Оливеира се појави во октагонот на настанот UFC 274 во Феникс и сo задушување во првата рунда го победи Џастин Гејџи.

За бразилскиот борец тоа беше 33-та победа во кариерата и 11-та во низа и обезбеди пласман на врвот на дивизијата.

Конор Мек Грегор во последно време е многу активен на социјалните мрежи и често има потреба да коментира нешто.

Познатиот Ирец на својот Твитер сподели фотографија од моментот кога Оливеира го фати за вратот Гејџи и почна да го гуши. Набргу потоа Американецот се предаде.

До фотографијата стои текст со изјавата на Џастин дека никогаш не би тапкал.

Но, токму тоа се случи на средбите против Хабиб и До Бронкс. Мек Грегор во соопштението напиша:

„Апсолутен кловн! Се преправа дека заспал, откако тапкаше. Будала“.

Ноториус одговори и на твитер пораката на Чарлс Оливеира во која Бразилецот споменува дека ќе биде нокаутиран.

А  што му кажа Мек Грегор на Оливеира, погледнете ТУКА.

This absolute clown! The aul pretend to be asleep after he tapped as well lol. Jackass pic.twitter.com/mGZpJyCPab

— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) May 10, 2022

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО