Конор Мек Грегор: Ќе ги уништам Чендлер и Оливеира во една вечер

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор, го коментираше Чарлс Оливеира, кој е резерва за неговата борба со Мајкл Чендлер.

Мек Грегор и Чендлер ќе се борат на УФЦ 303 во јуни во Лас Вегас.

Чарлс доби понуда да биде резерва. Тој ќе ја прифати таа понуда, а ако треба да се бори со Конор, тогаш ќе бара повеќе пари од УФЦ. Конор не е импресиониран од Бразилецот, а ниту Чендлер. Конор верува дека може да се справи и со двајцата за една ноќ.

Еве што напиша Ирецот на социјалните мрежи:

„Ќе ве завршам и двајцата за една ноќ. Нема ни да се испотам. Ќе ве уништам двајцата во една рунда“, напиша Мек Грегор на својата страница на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON