Конор Мек Грегор касна „златен стек“ за 1.000 долари во Салт беј во Дубаи (ВИДЕО)

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, сè уште летува во Обединетите Арапски Емирати. Минатиот месец загуби од Дастин Пориер во Абу Даби и сè уште не се вратил во Ирска.

Конор Мек Грегор ужива во семејната атмосфера и посетува отмени угостителски објект, па така во еден од најелитните ресторани на светот, каде што доби посебен „златен“ стек од Салт Беј (славниот турски готвач Нусрет Гокџе).

Тој нарача говедско месо Вагују или „златен томахавк“ е всушност јапонско говедско месо, обложено во 24-каратен златен лист (кој може да се јаде, но нема вкус) и наводно чини над 1.000 долари по порција.

Турскиот готвач кој постигна светска слава во 2017 година, кога видеото во кое посипува сол на стек во еден од неговите ресторани стана хит на социјалните мрежи.

Откако стана славен на Интернет, Нуср-Ет стек-куќата во Дубаи стана место за познати личности од целиот свет да уживаат во луксузната и модерна атмосфера на Салт Беј.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON