Даниел Кормиер успеа да стане само вториот борец во историјата на УФЦ кој истовремено држи две титули во различни категории. Пред него во историјата влезе Конор Мек Грегор, кој истовремено држи две титули во различни категории. Тој одби да ги брани и ги загуби и двете, но се уште се смета за неприкосновен шампион во две различни категории, а на оваа тема во интервју за ТМЗ изјави:
„Јас сум единствениот неприкосновен шампион во две различни категории. Се враќам за скоро време и во моментов нема ништо официјално, но сме блиску. Верувам и се надевам дека ќе се борам оваа година. Може да се борам и на УФЦ 230, бидејќи го сакам Њујорк, драго ми е што повторно ќе се борам во Медисон сквер гарден, но верувам дека следната борба ќе биде во Лас Вегас“.