Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор ја прифати понудата на УФЦ за реванш со Дастин Пориер.
32-годишниот Ирец на социјалните мрежи изјави дека прифаќа борба, но условот е двајцата да се борат оваа година, а не во јануари 2021 година, како што сакаат од УФЦ. Ова е дефинитивно добра вест за навивачите на поранешниот двоен шампион, кои постојано бараа од него да прифати.
Мек Грегор ќе си го одржи зборот и ќе донира 500.000 американски долари во добротворната организација „Пориер“. „Озлогласениот“ има затегнати односи со Дана Вајт и инсистираше на егзебициски меч Пориер за добротворни цели, но без учество на УФЦ. Дастин ја прифати идејата, но потоа Вајт се вклучи и понуди да ги вкрсти во УФЦ во јануари. Мек Грегор првично ја одби понудата и се држеше до идејата за егзебициски меч, но очигледно се предомисли.
Веќе видовме борба меѓу нив во 2014 година во перо категорија. Конор тогаш го нокаутира Дастин за една минута и 46 секунди, заработувајќи бонус. Ако Мек Грегор успее да го победи Пориер, тогаш тој ќе ја понесе титулата во лесна категорија, која може да го смени носителот на крајот на месецот.
„Здраво, Дастин! Ја прифатив понудата на УФЦ да се борам против Вас, но им реков дека сакам да се борам оваа година. Подготвен сум за битка на 21-ви ноември или кој било од датумите во декември. И, исто така, ќе донирам 500.000 долари во Вашата добротворна организација“, напиша Конор на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CGFtWyqJXuf/?utm_source=ig_embed
.