Конор Мек Грегор ја фали марихуаната на Мајк Тајсон (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории Конор Мек Грегор се изрази ласкаво за марихуаната, која ја одгледува боксерската легенда Мајк Тајсон.

Тие се сретнаа во Даблин, каде што очигледно „Железниот Мајк“ му дал на Ирецот примерок од неговата стока. Тајсон се зафати со одгледување на марихуана во декември 2017 година, откако купи 16 хектари земјиште во Калифорнија и започна со производство.

https://www.instagram.com/p/BpucyWYDt0k/?utm_source=ig_embed

„Марихуаната што расте на ранчот „КО Куш“ е навистина добра. За мене беше голема чест да ја пробам. Го сакам и почитувам Мајк Тајсон и не се лутам што на времето зборувал непријатни работи за мене. Мило ми е што се видовме очи во очи и се изнасмеваме“, напиша Мек Грегор во Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО