Привремениот шампион во петел категорија на УФЦ, Пјотр-Петар Јан и поранешниот освојувач на два појаси во истиот ММА синџир, Конор Мек Грегор, учествуваа во вербална „пресметка“ на Твитер. Реакцијата на Мек Грегор на импровизираниот пласман на најдобрите боксери во УФЦ го испровоцира Јан, кој го повика Ирецот на дуел.
I outboxed 3 guys on this list! There’s no one even remotely close to my boxing in the ufc. Even Dustin only got shots off post the leg damage. Everyone has been pucked around by me if we are going off boxing. Yan is good tho, i like his style. I’d rip him up in that shell tho. https://t.co/kjB61gqFGX
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) November 12, 2021
„Јан е добар, ми се допаѓа неговиот стил. Но, ќе го растргнам“, напиша Озлогласениот на Твитер, пред да спомне дека ги победил другите тројца борци во поредокот.
А еве како му одговори Јан.
Conor, we all know that you like to talk, but let’s get straight to the point if you really want to box or to fight, I don’t care about the weight or the ruleset. I bet you won’t show up @TheNotoriousMMA https://t.co/EJN2AbQQ32
— Petr “No Mercy” Yan (@PetrYanUFC) November 12, 2021
„Конор, сите знаеме дека сакаш да зборуваш, но ајде да дојдеме до поентата. Ако навистина сакаш да боксираме или да се бориме, не ми е гајле ниту категоријата ниту правилата. Се обложувам дека ќе се лизнеш“, напиша Русинот како одговор на објавата на Мек Грегор.
Поранешниот шампион во 66 и 70 килограми не му остана должен, но одговори поиронично, а не агресивно, како што дури и го нарече Пјотр „мал“.
Conor, we all know that you like to talk, but let’s get straight to the point if you really want to box or to fight, I don’t care about the weight or the ruleset. I bet you won’t show up @TheNotoriousMMA https://t.co/EJN2AbQQ32
— Petr “No Mercy” Yan (@PetrYanUFC) November 12, 2021
„Нема проблем, малечок. Ќе организираме спаринг, или нешто слично во иднина. Ќе ве примам тебе и твојот тим во Ирска за време на едно од настаните на Боксерскиот клуб Крамлин. Ќе го измислам, момче. Господ да ве благослови“, се пошегува Конор.