Киборг ја нокаутира Каванаг (ВИДЕО)

Крис Киборг ja нокаутира во првата рунда Шинед Каванаг во главниот меч на Белатор 271 на Флорида. Со успехот Бразилката успешно ја одбрани титулата во перо категорија.

За Киборг тоа беше петта победа, освен тоа што по трет пат ја брани титулата.

Легендарната натпреварувачка во мешаните боречки вештини веќе има 25 победи и само 2 порази (од Аманда Нунеш и Ерика Паес).

Киборг победи на 21 меч пред финалниот удар во гонгот (20 со нокаут и 1 со завршница).

Шинед Каванаг ја прекина серијата од две последователни победи. Вкупниот биланс на Ирката е 7 победи и 5 порази.

Линтон Вазел го победи со поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28) Тајрел Форчн во коглавниот судир на настанот во тешка категорија.

Резултати – Белатор 271:
Крис Киборг – Шинед Каванаг со ТКО 1, 1:32
Линтон Васел – Тајрел Форчн со одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Арон Пико – Џастин Гонзалес со одлука (30-27, 30-27, 30-26)
Арлин Бленкоу – Пем Соренсон со одлука (29-28, 30-27, 30-27)

Прелиминарни:
Стив Моури – Раким Кливленд со завршница Р1, 3:28
Бруна Елен со одлука Дезире Јанез со одлука
Роман Фаралдо – Роберт Турнкест со КО Р1, 1:17
Коди Ло – Колтон Хам со КО Р1, 4:21
Валери Луреда – Тејлор Тарнер со одлука (29-28, 28-29, 30-27)
Валдо Кортес-Акоста – Мухамед ДеРис со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Итан Хјуз – Махмуд Себи со ТКО Р3, 4:05

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО