Конор Мек Грегор го победи Нејт Дијаз во реваншот на УФЦ 202 во Лас Вегас.
Борбата се одржа во велтер категорија, шампион во перолесна категорија победи со мнозинска одлука на судиите.
Во изедначената борба двајца судии му дадоа победа од 48-47 на Мек Грегор, додека третиот ја виде борбата 47-47, нерешено.
Како што пренесуваат британските медиуми, МекГрегор платил данок за победата со скршеница на стапалото поради која на патерици ја напуштил арената каде го победи Дијаз.
https://youtu.be/FfD2B2gqovk
Ентони Џонсон за само 13 секунди го нокутираше Гловер Тешеира. Рамбле со десен аперкат го испрати Бразилецот на „спиење“.
https://youtu.be/DGnYAW5Kx1Y
Доналд Кероне се изедначи по бројот на победи на третото место во УФЦ. „Каубоецот“ има 11 победи во последните 12 натпревари, а вкупно 18 победа до која дојде со нокаут во втората рунда против Рик Стори.
Пред него се само Жорж Сент Пјер и Мајкл Биспинг со 19 победи.
https://youtu.be/lkBXwPKVJn8
Лоренц Ларкин со лактите во последната минута во првата рунда го заврши Нил Магни.
https://youtu.be/nuXPrGMN2eY
УФЦ 202
Конор Мек Грегор – Нејт Дијаз (со мнозинска одлука на судиите, 48-47, 47-47, 48-47)
Ентони Џонсон – Гловер Тешеира (КО, Р1)
Доналд Кероне – Рик Стори (ТКО, Р2)
Мајк Пери – Хјун Гју Лим (ТКО, Р1)
Тим Минс – Сабах Хомаси (ТКО, Р2)
Коди Гарбранд – Такјеа Мизугаки (ТКО, Р1)
Ракел Пеннингтон – Елизабет Филипс (со едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Артем Лобов – Крис Авила (со едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Кортни Кејси – Ранда Маркос (поднесување, армбар, Р1)
Лоренц Ларкин – Нил Магни (ТКО, Р1)
Колби Ковингтон – Макс Грифин (СЗО, Р3)
Марвин Ветори – Алберто Уда (поднесување, гилотина, Р1)