Џарел Милер дојде до најголемата победа во кариерата (ВИДЕО)

171

Jarel Miler kasi

Џарел Милер (18-0-1, 16 КО) дојде до победа во најголемиот испит во боксерската кариера.

28-годишниот Американец во Рочестер со прекин по третата рунда го победи Фред Каси (06/01/18, 10 КО), кој во април му зададе многу проблеми на Хјуи Фјури.

Каси ја доби првата рунда, погоддувајќи го Милер додека се движеше напред. „Биг бејби“ ја презеде контролата на борбата во втората рунда и неговата сила почна да доаѓа до израз. Во третата рунда е неколку пати стресе Камерунецот. По третата рунда Касиi рече дека ја повредил раката и дека не може да продолжи. Ова беше четврти пораз во последните пет борби.

Милер беше потежок за повеќе од  дваесет килограми од противникот, а го направи тоа што не можеа Крис Ареола и Доминик Бризилe, го сопре Каси.

„Знаев дека ќе ми треба малку време да се покренам. Мислев три или четири рунди да се загреам. Но, во втората го фатив ветерот и знаев дека го повредив. Нозете ми живнаа и знаев дека ќе дојдам до прекин . Мислам дека можеше да продолжи. Само не сакаше. Поради тоа му симнувам капа на Дионтеј Вајлдер. И понатаму сакам да му ја скршам главата, но тој ја заврши борбата со скршена рака. Тоа го правата шампионите. Каси не сакаше да продолжи“.

По борбите ги поткачи и другите од врвот во тешка категорија Ентони Џошуа, Тајсон Фјури, Крис Ареола и Доминика Бризил.

„Не го поднесувам Тајсон Фјури. Тој секоја минута е болен. Сега има ебола. Подобро ќе им биде да престанат да си играат“.

ВИДЕО.