Конор Мек Грегор го освои бонусот од 50.000 долари за изведба на вечерта

Конор Мек Грегор го освои дополнителниот бонус од 50.000 долари за победата над Доналд Цероне. „Озлогласениот“ го реши „Каубојот“ за само 40 секунди, а тоа му го обезбеди бонусот за изведба на вечерта.

Парите од овој бонус ќе му го зголемат контото од загарантираните три милиони долари што ќе ги добие Ирецот за оваа борбаа. Во ова не се вклучени договорените проценти на платените гледања (ППГ).

Даубер, Олејник, Фереира и Келер, исто така, ги импресионираа гледачите на УФЦ и му направија друштво на Мек Грегор со бонуси за синоќешниот настап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО