Конор Мек Грегор го коментира учеството во „Роуд хаус“

Конор Мек Грегор го имаше своето деби во филмската индустрија минатата година во акциониот филм „Роуд хаус“.

„Одбив многу понуди за време на мојот подем во ММА. Директорите доаѓаа за време на тренинг камповите. Доаѓаа со понуди за одлични филмови, но секогаш ги одбивав. Веројатно имам непријатели во оваа индустрија бидејќи на многу луѓе им реков: „Не знам, ќе размислам за тоа“, изјави ММА борецот за Тотал филм.

Во 2016 година, официјално беше објавено дека Конор ќе биде дел од актерската екипа на „Три икс: Враќањето“ со учество на Вин Дизел, но спортистот се повлече од проектот по поразот од Нејт Дијаз на УФЦ 196. Мек Грегор беше сменет од поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Мајкл Биспинг.

„Бев импресиониран од целиот процес. Не знаев дали ќе ми се допадне. Се борам. Ова е мојата вокација. Јас не сум актер, но се занимавам со шоу бизнис. Но, ми се допадна… ги почувствував емоциите и уживав во секоја секунда“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО