Конор Мек Грегор ги покжа првите фотографии од синот!

Веќе неколку дена Конор Мек Грегор е татко!

Партнерката на Ирецот, Ди Девлин роди машко дете, кое го доби името по својот прочуен тато – Конор Џек Јуниор.

Бебето е во одлична здравствена состојба во една од најдобрите клиники во Даблин, а најсреќниот момент за Конор и Ди беше во петокот.

Интересно е што има само неколку дена, а Кнор Џек веќе си има и свој профил на Инстаграм кој не престанува да собира следбеници.

Самиот Конор ги користи социјалните мрежи за да ги покаже првите фотографии на својот првороден син.

Токму поради бременоста на Ди, Конор си зеде долготраен одмор по шампионскиот успех против Еди Алварез на УФЦ 205.

Во моментов продолжува да преговара за евентуален бокс дуел со Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON