Конор Мек Грегор е најтестираниот борец за допинг во УФЦ

Конор Мек Грегор пред неколку дена се повлече од ММА, но се уште не ја напуштил базата на податоци на УСАДА, што фрла сериозни сомневања врз неговата одлука. Споделува фотографиите на социјални мрежи и покажува дека сериозно тренира, што кај навивачите предизвикува уште поголем сомнеж. Денес, сподели нова фотографија на социјалните мрежи и се пофали дека тој бил тестиран најмногу пати од сите борци на УФЦ.

„Јас сум најмногу тестиран во УФЦ. Бев тестиран 48 пати. Кај мене се е природно“.

https://www.instagram.com/p/BvqSlebDniS/?utm_source=ig_embed

Мек Грегор навистина го зазема првото место за најтестиран борец. По него следуваат Јоел Ромеро со 46 тестови,  Даниел Кормиер со 45 допинг тестови. Ако одлуката за повлекување на Мек Грегор е конечна, тогаш тој ќе ја напушти базата со податоци на УСАДА и ако некогаш сака да се врати, ќе мора прво 6 месеци да има чисти допинг примероци, а дури потоа ќе влезе во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON