Конор Мек Грегор: Џошуа е олицетворение на класа и квалитет

Ирскиот ММА борец, Конор Мек Грегор, му изрази поддршка на британскиот боксер Ентони Џошуа испраќајќи му дел од неговиот Forged Irish Stout.

Џошуа ќе се соочи со финскиот боксер Роберт Хелениус кој го замени Дилиен Вајт. Оваа промена беше неопходна откако Вајт падна на допинг тестот.

Борбата ќе се одржи во О2 арената во Лондон, Велика Британија. Хелениус го прифати овој дуел буквално за неколку дена. Конор ќе го гледа Џошуа во живо и ќе го опсипува со пофалби.

„Овој човек, Ентони Џошуа, е олицетворение на класа, квалитет и лојалност! Она што тој и Еди Херн го изградија е апсолутна магија.

Едвај чекам да го видам Еј Џеј во живо овој викенд“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО