Конор Мек Грегор: Богат сум и не се борам за пари

Конор Мек Грегор има скор 0-1 како професионален боксер, но тоа не му пречи и очекува повторно да боксира. „Озлогласениот“ во 2017 година дебитираше во боксот во меч со легендарниот Флојд Мејведер и се претстави во добро светло, но загуби со нокаут во 10-тата рунда. Мек Грегор заработи многу пари од оваа борба и честопати вели дека сака реванш.

Конор тврди дека не се бори за пари, затоа што финансики ги обезбедил и внуците. Се бори да ги забавува навивачите и да им даде здрави борби. Големата ММА ѕвезда е подготвена повторно да се врати и ги повика фановите да го следат, затоа што наскоро ќе има информации.

„Она што навивачите и борците не го сакаат е здодевна битка еден-на-еден. Уживам во секој аспект, а фановите заслужуваат да ја видат и слушнат мојата вистинска верзија. Имам голема страст и едвај чекам да ги израдувам фановите и да победам за нив и моето семејство. Подготвен сум да се борам со секого и тоа го докажав одново и одново.

Барам добра борба и ако тоа не биде така, тогаш немам интерес. Не го правам тоа за пари. Јас сум многу богат човек и моите деца и оние што доаѓаат по нив ќе бидат добри. Ја сакам борбата. Наскоро ќе бидам во кафезот и дефинитивно пак ќе се борам во боксот. Ќе мора да ме следите, но верувајте ми – навивачите ќе уживаат во тоа. Да им го дадам тоа што го сакаат и да ги забавувам, тоа е важно за мене“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON