Иако минатата недела беше најавено дека на 5 март на УФЦ 197 Конор Мек Грегор ќе се бори против Рафаел дош Ањош оваа борба се уште службено не е договорена.
Шампион во перолесна категорија, Конор Мек Грегор, треба да подигне килажа за во лесна категорија и да се бори со шампионот Рафаел дош Ањош. Бразилскиот Глобо објави дека официјалната најава за УФЦ 197 е одложена, бидејќи Мек Грегор барал повеќе пари.
Според Глобо, УФЦ требало да го објави одржување на pay-per-view настанот на полувремето од натпреварот меѓу Грин Беј Пакерс и Вашингтон Редскинс, но беа принудени да го одложат објавувањето, затоа што Ирецот се уште не го потпишал договорот за борбата.
Во статијата конкретно е наведено дека „The Notorious“ ‘барал повеќе пари и дека тоа довело до одложување.
Пред два дена менџаерот на Дош Ањош, Али Абдел Азиз, изјави дека се уште не е потпишан договорот за борбата на УФЦ 197. Синоќа на Твитер го појасни својот став пишувајќи: „Погодете кој е шампионот што бега“?