Конор барал 10 милиони долари за реваншот со Нејт Дијаз

Mek gregor letaat pari

Драмата околу евентуалното повлекување на Мек Грегор од професионалните води на ММА ја потресе светската спортска јавност и станува се позамрсена.

Од УФЦ соопштија дека Конор е отстранет од борбената карта на веројатно најголемата грандиозна вечер во историјата на компанијата, а сега се дознава дека управата на организацијата и менџаерот на борец имале дебата на тема – хонорар. Подолго време се шират гласини за заострување на односите меѓу Конор и шефовите на УФЦ. Според непотврдени информација, се доби известување за барањето на 27-годишната ММА супер ѕвезда, која е поврзана со исплатата, а сите знаеме колку во животот  Мек Грегор ги цени парите.

Dana Vajt se cesa

Тој поставил услов дека сака околу 10 милиони долари за учество на УФЦ 200 во јули. Информациите доаѓа од спортската новинарка и радио водителка, Чарли Арнолт.

Source: Conor McGregor wants approx $10M for –more than anyone else in past for single fight. said no, so he retired.

Досега ниту еденпрофесионален борец од листата на УФЦ приближно не бил до таква сума за еден ММА меч во октагонот.

Се разбира, Дана Вајт и браќата Лоренцо не се согласуваат со ставовите на Конор и му откажале на менаџерот. Според некои аналитичари, тоа е причината синоќа Ирецот да објави пост на Твитер, со кој се „закани“ со повлекување од спортот.

I have decided to retire young.
Thanks for the cheese.
Catch ya’s later.

Целата вистина засега останува тајна, но едно е сигурно. Од УФЦ активно бараат човек кој ќе го замени Конор на 9 јули  и да се бори со Нејт Дијаз.

https://youtu.be/lYsmS3Ji6og

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО