Конкурс: АМС ќе финансира настани федерациите во 2016 година

ams_logo_konkurs-33636

Агенцијата за млади и спорт го објави Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот.

Конкурсот ќе трае до 29.01.2016 година до 16.30 часот.

На конкурсот учество може да земат субјектите кои ги исполнуваат условите, односно Националните спортски федерации и Институтот за спорт при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Апликациите за учество на „Конкурсот за доделување средства за 2016 година“може да се превземат од официјалната  интернет страна на Агенција за млади и спорт – www.ams.gov.mk во кои е даден опис на ставки по кои апликантите треба да се раководат.

Сите заинтересирани страни кои ги исполнуваат критериумите може да ги достават апликациите на адресата на Агенцијата за млади и спорт

ул: „Македонија“, бр.38 (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје со назнака : ЗА „КОНКУРС 2016 “

СО ПОЧИТ,

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО