Конечно е одблокирана сметката на Боксерската федерација на Македонија (БФМ).
Ова денеска го соопштија од Управниот одбор на БФМ. Ова треба да значи дека идат подобри денови за македонскиот бокс, што подразбира и добивање на парите од Агенцијата за млади и спорт, 300 илјади евра од игрите на среќа кои се добиени со законските измени минатата година, како и 700 илјади за развој на боксот и формирање на лиги од државата.
Ipon.mk/В.Д.