Кро Кап откри кога и каде би можеле да го гледаме големиот реванш со Федор

Кога по освојувањето на турнирот на Ризин ја споменуваше можноста за проштална борба, Мирко Филиповиќ на ум имаше само едно име. Големиот реванш со Федор Емилијаненко, со години претставува, не само на Кро Кап, туку и желба на многу фанови на легендите на боречките вештини.

Миркова приозивка на рускиот гигант повторно ги заскокотка имагинациитеа на сите оние кои, 12 години по нивниот судир на Прајд Конфликт од 2005 година, сакаат повторно да ја видат средбата на борците кои го режираа еден од најдобрите и најголемите двобои во историјата на слободните борби.

Во интервју за Спортки новости Кро Кап признава дека многу работи мора да се совпаднат за да се оствари неговата желба, но исто така открива кога и каде може повторно да ги видиме него и Федорr заедно во рингот.

„Никому не сум должен да го полагам сметки. Јазавршив кариерата, таа стои и понатаму, но реков дека сакам проштална борба. Во овој поглед, мислев само на Федор, само таа борба ме интересира. Тоа ќе го направив со ентузијазам, доста ми се крвавите тренинзи. Дојде време да го повикам и ако се согласи, ако се се поклопи, нашата борба може да се одржи во октомври или ноември. Претпоставувам, некаде во Америка.

Колку е сето тоа реално? Федор мора да го победи Митрион во јуни и да ја прифати мојата покана. Неодамна го оперирав коленото, го чекав контролниот преглед пред да муј се јавам на Федор за пресметката. Коленото колку-толку е подготвено да се подготвувам и да ја одработам оваа борба. Наскоро ме очекува и вградување на вештачка ‘рскавица“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО