Компанијата „Пешкотеч“ и Гајдар Гајдаров донираа дресови на БК Шкупи (ФОТО)

Компанијата Ентрепренад&транспорт „Пешкотеч“, сопственост на поранешниот борач Љубиша Пешко, и Гајдар Гајдаров донираа дресови за млади борачи на БК Шкупи од Скопје.

„Искрено ви благодариме за вашиот придонес, се надеваме дека овој подарок позитивно ќе влијае на нашите потенцијални борачи“, велат тренерите Јасин Реџелари и Бунјамин Ебипи.

Борачите на Шкупи ги посетија и двојниот светски и европски шампион Даурен Куруглиев и претседателот на Боречката федерација Дагестан Гајдар Гајдаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО